| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен прометот со храна, пијалаци и со тутун

промет
Прометот во трговијата со храна, пијалаци и со тутун на мало во април годинава во однос на април лани бележи зголемување, кое номинално изнесува 13,1 отсто, а реално 11,8 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, бележи зголемување номинално за 13,3 отсто, а реално за 8,4 отсто и трговија на мало, освен трговија со горива номинално за 13,3 отсто, а реално за 11,8 отсто.Намалување на прометот е забележано во групата трговијата на мало со автомобилски горива номинално за 14,8 отсто, а реално за 0,7 отсто

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top