Прометот во индустријата во февруари во однос на јануари годинава е зголемен за 1,2 процента, а споредено со февруари лани за 7,4 проценти. Во првите два месеца од годинава, во однос на истиот период од минатата година, прометот во индустријата се зголемил за 14,1 процент.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 4,8 проценти, „капитални производи“ за 10,8 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8 проценти, а опаѓање кај „трајни производи за широка потрошувачка“ за 1,7 проценти.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот периодот во минатата година, е зголемен за 11,6 проценти, а на странските пазари 14,2 процента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.