Прометот во индустријата во октомври годинава, во однос на октомври лани, е зголемен за 4,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
На домашниот пазар, во октомври оваа година, споредено со истиот месец лани, е евидентиран раст од 0,7 отсто на прометот во индустријата, кој пак, на странските пазари бележи зголемување од пет проценти.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, е намален за 3,8 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ е зголемен од 4,4 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври годинава, бележи пораст кај „капитални производи“ за 19,2 отсто и за 2,5 отсто кај „трајни производи за широка потрошувачка“. Опаѓање е регистрирано кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,2 процента и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 7,2 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.