СВР Тетово расветли 13 тешки кражби кои во март, април и мај годинава биле извршени во Тетово најмногу, односно девет во патнички моторни возила, три во продавници и две на велосипеди. Кривично пријавен поради постоење основи на сомнение дека ги сторил овие кражби е Е.А. (21) од Тетово.
Пријавениот најчесто со кршење на стаклата провалувал во моторните возила и одземал мобилни телефони, чанти, очила за сонце, парфеми и друго, додека од продавниците одземал цигари и парични средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.