Суд во Бангкок денеска им изрече казни затвор од по две години на водачите на движењето „Жолти кошули“ кои во 2008 година ги предводеа демонстрантите што го окупираа Парламентот и влегоа во просториите на Владата. Осудените се раководители на групата официјално позната како Народна алијанса за демократија, проројалистичко движење основано за да се спротивстави на „Црвените кошули“, кои го поддржуваа кланот Шинаватра.По овие демонстрации дојде до смена на тогашниот премиер Таксин Шинаватра, што беше вовед во многубројни протести и чести крвави судири меѓу поддржувачите на црвените и жолтите кошули, кои беа прекинати со воениот удар на 22 мај минатата година.
Најпознато име меѓу осудените и новинарскиот магнат Сонди Лимтонгкул, за кого се сметаше дека е близок до кралското семејство и со раководството на воената хунта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
ФИФА: Децата од Тајланд ќе одат на финалето на светското првенство во Русија