Непознати лица околу полноќ фрлиле Молотов коктел врз возило на косовската полиција, што се наоѓало на паркингот на полициската станица во Звечан, на северот на Косово.
Регионалниот портпарол на косовската полициска служба, Бесим Хоти, за „Танјуг“ изјави дека во инцидентот нема оштетувања, нити повредени.
Хоти додаде дека полицијата го регистрирала случајот како предизвикување општа опасност и почнала истрага.
Засега не се знаат мотивите, ниту сторителите на овој чин, наведе Хоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации