Тимот на Голден стејт успеа во петтиот натпревар во финалето на западната конференција да слави победа над Хјустон од 104-90 и со вкупен резултат од 4-1 да ја заврши серијата и да се пласира во големото финале.
По пауза од 40 години, Голден стејт повторно ќе има можност да игра во големото финале, и тоа против екипата на Кливленд која во финалето на истокот буквално го збриша тимот на Перо Антиќ, Атланта со 4-0.
Најдобриот тим оваа сезона, Голден стејт, кој во својот состав го има и најкорисниот играч на сезоната Стеф Кари, полесно од очекувањата славеше во ова финале на западот против Хјустон, кој, иако го има Харден во составот, не можеше да им парира на „вориорс“.
Стеф Кари, како и во текот на целата сезона, доминираше во петтиот натпревар постигнувајќи 26 поени, а одличен натпревар имаа и Барнс со 24 поени и Клеј Томпсон со 20 постигнати коша.
За разлика од претходната средба, овој пат кај Хјустон потфрли Џејмс Харден, кој имаше неверојатни 13 загубени топки, што е рекорд на плејоф-дуелите. Постигна само 14 поени, додека најдобар во поразениот тим беше Двајт Хауард со 18 поени и 16 скока.
Во финалето кое истотака се игра во четири добиени средби предноста на домашен терен ќе ја има Голден Стејт, а финалето започнува на 5.јуни во Оукленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)