Десетици илјади патници останаа синоќа блокирани во Брисел откако нивните летови беа откажани или одложени поради петчасовното затворање на воздушниот простор на Белгија, јавија локалните медиуми.
Најмалку 500 патници спиеле на аеродромот во главниот град на Белгија, а за 200 од нив Црвениот крст обезбедил полски кревети.
Белгиската Национална агенција за контрола на летањето обнови само 75 проценти од авионскиот сообраќај во земјата откако вчера, поради дефект на електрична исталација во центарот, на повеќе од пет часа беше затворен целиот воздушен простор на земјата.
Поради дефектот, беа откажани над 200 летови во Брисел и 30 во вториот по големина аеродром во земјата „Шарлороа“.
Транспортните проблеми во Белгија продолжуваат и денеска по најавениот штрајк на железницата. Околу 40 проценти од возовите не се движат поради протест на машиновозачите. Тие бараат повисоки плати, подобри услови за работа и помало оптоварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)