| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски и Жерновски сѐ уште немаат сигурни победи во првиот круг

Резултатите на ДИК објавени на нивната веб-страница предизвикаа многу полемики. На пример, според нив, Коце Трајановски и Андреј Жерновски победиле во првиот круг бидејќи имаат повеќе од 50 проценти освоени гласови. Но, всушност, тие освоиле повеќе од половина од важечките ливчиња, а не од вкупниот број на излезени гласачи, јави „Канал 5“.

Кога ќе се додадат и неважечките ливчиња, се намалува процентот на освоени гласови, па така и Жерновски и Трајановски паѓаат под потребниот цензус за победа во првиот круг.

Андреј Жерновски освоил 49,25 од вкупниот број излезени гласачи, а на веб- страницата на ДИК стои дека освоил 51,78 процент, што е процент на освоени гласови само од важечките ливчиња.

Коце Трајановски, според ДИК, по пребројани 98 проценти од избирачките места освоил 50,21 проценти иако, според математиката на изборното законодавство, неговиот процент е 47,85. Ова се нецелосни податоци бидејќи недостасуваат резултати од неколку избирачки места, кои може да го сменат крајниот исход.

Во Карпош има силна битка меѓу Петров и Куновска за второто место, кое, покрај Јакимовски, води во вториот круг. Разликата меѓу нив во моментов е 132 гласа, а недостасуваат резултати од две избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top