| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шуто Оризари ќе се гради систем за водоснабдување

Во Општина Шуто Оризари ќе се гради систам за водоснабдување со средства од Општината, од Градот Скопје и од ЈП „Водовод и канализација“. Договорот за реализација на проектот денеска го потпишаа претставници на трите институции со компанијата изведувач Хидрострој ЈСЦ од Република Бугарија.

voda_nema500

Вкупна вредност на инвестицијата изнесува 182.367.800,96 денари со вклучен ДДВ. Во финансирањето на проектот Градот Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ ќе учествуваат со по 43,7%,односно со по 79,7 милиони денари, а Општина Шуто Оризари со 12,6 %, односно 22,9 милиони денари. Градот Скопје и Шуто Оризари финансиските средства ќе ги обезбедат со долгорочен домашен под-заем во рамките на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, а „Водовод и канализација“ ќе учествува со сопствени средства во рамки на инвестициската програма.

– Новопланираниот систем ќе опфати: изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари, пумпна станица и цевковод со должина од 2,3 km и F=500mm. Се надевам дека со реализација на овој значаен проект ќе го решиме деценискиот проблем со водоснабдување на Општината Шуто Оризари, истакна по потпишувањето на Договорот градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам истакна дека со проектот општината ќе го реши проблемот кој ги измачува нејзините жители повеќе од 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top