| четврток, 6 декември 2018 |

Зомимак му се реваншира на Металург со победа од 21-20

Зомимак го победи Металург со 21-20 во дербито од ракометната Прва лига на Македонија и е во пол-позиција за второто место зад Вардар.

По првото полувреме Металург имаше предност од еден гол, 13-12, но гостите од Скопје не го издржаа притисокот и загубија со еден погодок.

Во возбудлив финиш Ѓукиќ го имаше последниот обид, но домашниот голман Трајковски го одбран и ударот и не дозволи Металург да освои еден бод.

Во ваква ситуација Зомимак е фаворит за второто место, бидејќи има подобар биланс од Металург. Првиот нивни меѓусебен дуел заврши со победа на тимот од Автокоманда со 22-21, па Зомимак има еден гол повеќе на гости во меѓусебните мечеви со актуелниот шампион на Македонија.

vardar zomi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top