Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој денеска престојува во посета на Албанија, попладнево во Тирана се сретна со албанскиот претседател Бујар Нишани и со првиот човек на Парламентот, Илир Мета, јавија албанските медиуми.
На средбата Нишани-Вучиќ двајцата соговорници потенцирале дека Албанија и Србија треба да бидат столб на стабилноста и да обезбедат траен мир и економски просперитет на регинот.
Како што соопшти прес-службата на српската Влада, Нишани и Вучиќ разговарале за билатералните односи и за соработката во сферата на инфсратуктурата, економијата и безбедноста.
Тие оцениле и дека посетата на Вучиќ на Албанија е значајна за пријателството и разбирањето меѓу албанскиот и српскиот народ.
Нишани нагласил дека иако Албанија и Србија имаат тешко минато, сепак тие не се единствените две земји во Европа со такво бреме од минатото.
– Во Европа има уште такви примери и затоа е важно да работиме на изградба на регионални односи и да ги поддржиме проектите за регионална соработка- потенцирал Нишани.
Вучиќ се сретна и со претседателот на албанскиот Парламент, Мета со кого разговарал за односите меѓу двете земји, за можносите за подобра соработка во сферата на економијата, туризмот и инвестициите, како и за потребата од воспоставување на дирекна авионска линија меѓу Тирана и Белград.
– Најважен предизвик за нашите две земји е економијата. Затоа треба да најдеме начини да ги развиваме економските односи, што е во интерес на економската ситуација во двете земји- потенцира Мета.
Претходно денеска, Вуќиќ се сретна и со неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама, при што се согласиле дека меѓусебните разлики Албанија и Србија треба да ги решаваат со дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста