Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Грција е близу до договор со нејзините кредитори.
– Направивме многу чекори и сега сме во финална фаза. Близу сме до договор- изјави Ципрас по денешните разговори со кредиторите во Министерството за финансии во Атина.
Како што јавија грчките медиуми, Ципрас нагласи дека сепак во финалната фаза од преговорите ќе бидат потребни „смиреност и решителност“.
Ваквата изјава на Ципра уследи откако грчки владини претставници најавија дека преговарачите ќе почнат да работат на подготовка на работна верзија на договорот меѓу Грција и нејзините кредитори.
Со овој договор се очекува да се стави крај на неколкумесечениот ќорсокак во преговорите, по што би била одблокирана исплатата на финансиската помош за Грција, со цел земјата да може да ги исплати своите обврски кои доспеваат на 5 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.