– Тоа е тешко заболување со кое сериозно се ограничува работата на телото и може да заврши со смрт, а сериозно влијае врз секојдневните активности. Симптомите се отежнато дишење и замор, а понекогаш вртоглавица и губење свест. Важно е болеста да биде дијагностицирана навреме, да се преземат итни мерки и да се започне со адекватна терапија – потенцира Каева на денешната прес-конференција.
Таа информира дека целта на нивното здружение е да се изборат за неопходните лекови за лекување на оваа болест кои се многу скапи, а во фаза е регистрирање на еден таков за нив неопходен лек. Воедно се борат и за едукација на лекарите и пациентите за навремено откривање на болеста и воопшто да се подигне јавната свест за оваа ретка болест, како и за формирање на специјализирани медицински ПХ центри каде што пациентите ќе можат навреме да бидаат дијагностицирани и лекувани од стручни лекари.
Прецизира дека од оваа болест во Македонија се регистрирани десет лица од кои тројца за жал умреле, а двајца се новорегистрирани и нагласи дека сигурно има и повеќе кои не се регистрирани.
Градоначалникот Пановски потенцира дека општина Чашка има две воздушни бањи – Горно Врановци и Болницата во Јасеново која е според европските стандарди за лекување на болести на белите дробови и додаде дека им ги става на располагање за лекување и рехабилитација на болните од пулмонална хипертензија.
Во соработка со СПД „Зелен Рај“ од Велес за нивна подршка во недела ќе се организира планинарски марш под мотото „Качи се на врв земи здив за живот“. Како што најави Зоран Игновски претседател на ова здружение, сите заинтерсирани в недела можат да дојдат во Ораов Дол и да се вклучат во искачувањето на врвот Јута на планината Кадиица.
– Нашето здружение како подршка на лицата со пулмонална хипертенија секоја година ќе организира планинарски маршеви за освојување на по еден врв во Македонија- рече Игновски и ги повика сите планинари и заинтересирани в недела да им се придружат во оваа хумана мисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.