| четврток, 6 декември 2018 |

Локалните избори поминаа мирно според МОСТ

Законските рокови за спроведување на изборните дејствија генерално се почитувале. Алексов изјави дека на овие избори има повторно предвремено започнување на кампањата, а според него тоа е поради минималните казни предвидени за тоа, но загрижува и фактот што ДИК не постапила по ваквите прекршувања на партиите иако до неа пристигнале вакви претставки

Гласањето на првиот круг од локалните избори беше спроведено во мирна атмосфера, со голем одѕив на граѓаните, изјави на прес-конференција извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.

Најчести нерегуларности за кои известувале 3.332 набљудувачи на МОСТ се групно и семејно гласање, некористење на УВ-лампата, фотографирање на гласачките ливчиња и евидентирање на гласачите од страна на партиските набљудувачи на самото гласачко место.
– Мора да се истакне намалениот интензитет на дел од овие појави, како, на пример, гласање во име на друг и повеќекратното гласање на исто лице, но од друга страна зголемување на случаите на групно или семејно гласање – изјави Алексов, кој го презентираше прелиминарниот извештај на МОСТ за првиот круг од локалните избори.

Darko-MOST-15
На најмалку 15 избирачки места имало граѓани кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список. Алексов рече дека во овој момент не би можел да прецизира за колку граѓани станува збор, но оти нивните набљудувачи ја забележале оваа појава.
Во однос на читањето на глас на имињата на избирачите, Алексов вели дека тоа не е дефинирано како прекршување на Законот, но, според него, оваа практика претставува индиректен притисок врз гласачите. Загрижува фактот, додаде тој, што ниту една политичка партија не реагира на ваквата појава.
darko-4Во однос на изборната кампања за првиот круг, Алексов рече дека таа се карактеризирала со интензивна активност од страна на партиите, со голем степен на политичка поларизираност, негативна кампања, злоупотреба на државни и јавни ресурси, присуство на малолетници на митинзи, а мошне често и со говор на омраза.
Првиот круг на локалните избори МОСТ го набљудуваше преку 18 регионални канцеларии кои ги покрија сите 80 општини и Градот Скопје, односно територијата на цела Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top