Симона Халеп неочекувано се прости со настапот на Ролан Гарос во втората рунда, а вистинска хероина на денот е хрватската тенисерка Мирјана Лучиќ Барони. Повратничката во женскиот тенис на 33-годишна возраст ја забележи една од најголемите победи во кариерата. Со 7-5, 6-1 Лучиќ ја декласира Халеп, девојка која лани играше финале на Ролан Гарос.
Лучиќ беше една од најталентираните тенисерки во нејзината генерација, но наеднаш одлучи да ја прекине тениската кариера, а потоа по долга пауза се врати на турнирите на ВТА. Моментно Хрватката е 59-рангирана на светската листа, а Халеп е на третата позиција.
Кај мажите Бенџамин Бекер направи изненадување со елиминација на Фернандо Вердаско по пет сета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.