| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Косово го сметаме за своја територија

Serbian Prime Minister Aleksandar Vucic visits Tirana

Србија го третира Косово и ќе продолжи да го третира како свој составен дел, изјави денеска во Тирана премиерот на Србија, Александар Вучиќ, јави Танјуг.

– Факт е дека не се согласуваме околу Косово и Метохија. Србија ќе го третира и ќе продолжи да го третира како составен дел додека Албанија го третира Косово како независна држава – наведе Вучиќ.

Тој, на заедничка прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, истакна дека Србија и Албанија, без оглед на различните ставови кон Косово, не треба да ги заоструваат меѓусебните односи, туку треба да ги почитуваат разликите и да изнајдат заеднички јазик.

Српскиот премиер посочи дека двата народи се соседи и така ќе останат, па затоа сите проблеми треба да ги решаваат со дијалог.

– Односот на Србија и Албанија е важен за Балканот. Односите секогаш можат да бидат подобри – потенцира Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top