| четврток, 6 декември 2018 |

Во Келн се евакуираат 20 илјади луѓе

Неексплодирана бомба од Втората светска војна ги натера властите во Келн да евакуираат околу 20.000 граѓани. Бомбата е пронајдена пред пет дена за време на градежни зафати на длабочина од пет метри, а треба да биде онеспосебена денеска попладне. Експлозивната направа прозиведена во САД и фрлена во Германија при крајот на Втората светска војна го запре и сообраќајот на реката Рина поради опасност од огромна експлозија.

Сите жители населени на еден километар од местото каде што се наоѓа бомбата мораа да ги напуштат своите домови, а меѓу нив има и околу 1100 луѓе во поодимината возраст, како и штитеници на старски домови. Затворена е и Золошката градина во Келн која е во опасната зона.Во операцијата на расчистување на теренот се вклучени стотици полицајци, пожарникари и други службеници коишто учествуваат во една од најголемите евакуации од крајот на Втората светска војна. Процените велат дека 70 години по завршувањето на сојузничкото бомбардирање на Германија во земјата сѐ уште има илјадници неексплодирани бомби , некои од нив тешки стотици килограми и со огромна разорнувачка моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top