Британската актерка Кира Најтли и нејзиниот сопруг, музичарот Џејмс Рајтон, станаа родители.
Познатата двојка сѐ уште не ги потврди пишувањата на светските медиуми, така што засега не се знае полот, ниту точниот датум на раѓање.
Ѕвездата на филмовите „Пиратите од Кариби“, „Покајување“ и „Гордост и предрасуди“ во декември објави дека е бремена.
Најтли со членот на бендот „Клаксонс“ е во врска од 2011 година, а се венчаа во 2013 година во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.