Ползењето е дел од нормалниот развој на детето, природна вежба за зацврстување на мускулите и за подготовка за првите чекори.
Како и многу други работи, кога зборуваме за малите деца и за ползењето има неколку митови.
Затоа ако вашето дете обожува да се движи на четири нозе, дознајте ги фактите за ползењето.
– Дете што долго ползи нема да има проблеми со одењето бидејќи неговото тело веќе е извежбано. Таквите деца кога еднаш ќе почнат да се движат, брзо проодуваат и помалку паѓаат.
– Само два процента од децата се обидуваат да ползат на целосно необичен начин и тоа на грбот туркајќи се со главата кон напред или виткајќи се како змија.
– Додека ползи детето учи да се фокусира на предмети што сака да ги дофати. На тој начин го вежба сетилото за вид, моториката и координација на окото и рацете, што е важен предуслов за когнитивниот напредок и развој на говорот.
– Сѐ додека детето не прооди, не морате да мислите на купување чевличиња. На вашето дете не му се потребни, а доволно е да му облечете чорапчиња и панталончиња за да не ги повреди колената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.