| четврток, 6 декември 2018 |

Колку чини часовникот на Надал?

nadal

Рафаел Надал одамна не е прворангиран тенисер на светот, но интересот на спонзорите не спласнува. Шпанскиот ас е еден од најпосакуваните спортисти на планетата за реномираните марки, а една од нив е „ричард мајл“, познат производител на часовници.

Надал рутински ја мина првата пречка на Ролан Гарос, турнир на кој веќе е легенда бидејќи го освои неверојатни 9 пати, а еден детаљ остана забележан при неговиот прв настап на парискиот гранслем. Тоа е новиот часовник од колекцијата на „ричард мајл“ моделот „РМ 20-02“ вреден цели 850 илјади долари. Претходниот модел „РМ 027“ беше исто така скап и вредеше околу половина милион долари.

Францускиот производител пушти во преодажба ограничен број од 50 примиероци на моделот на часовник што моментно го рекламира Надал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top