| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за текст за изработка на видеоомаж за Живко Чинго

Кинотека на Македонија, во чест на јубилејот „80 години од раѓањето на доајенот на македонската литература, писателот Живко Чинго (1935-1987)“, кој ќе се одбележи во 2016 година, ќе изработи видеоомаж за живоот и делото на Чинго.

Н.У. Кинотека на Македонија, во чест на јубилејот „80 години од раѓањето на доајенот на македонската литература, писателот Живко Чинго (1935-1987)“ кој што ќе се одбележи во 2016 година, како и во согласност со програмските активности на Кинотеката за 2016 година – има во план да изработи видео-омаж (аудио-визуелен документарен запис) за животот и делото на овој наш исклучителен книжевник, кој во својот плоден авторски живот остави значаен белег – како на полето на македонската книжевност, така и на полето на македонската кинематографија – пред сè како автор на сценарија за играни и документарни филмови, како што се филмовите ЖЕД, ПОЛЕ, ПЧЕЛАРНИК, но и како автор по чии прозни дела се снимени филмовите ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ, ИРИНА) и ГОЛЕМАТА ВОДА, а и телевизискиот проект ЗАМИНУВАЊЕ ОД ПАСКВЕЛИЈА, дела кои се наградувани со голем број на домашни и меѓународни признанија.

КОНКУРС за текст за изработка на видео-омаж (аудио-визуелен документарен запис)

1. Конкурсот предвидува текстот за изработка на овој видео-омаж (аудио-визуелен документарен запис) да ги опфати следните аспекти:

– Во текстот треба да се опфатат сите битни биографски, библиографски и филмографски податоци, информации, дела и настани на овој наш значаен книжевен и филмски автор;

– Текстот треба да предвиди и осмисли адекватен и иновативен начин на презентација на погоре споменатите моменти и аспекти од животот, работата, активностите и делото на овој автор во согласност со поетиките и духот на современата филмска документаристика и современоста воопшто;

– Текстот да биде адекватно структурно и формално опремен во смисла на неговото конкретно аудиовизуелно реализирање, што значи да е структуриран и наративно и визуелно по сегменти/секвенци, со адекватни решенија и образложенија на истите; и

– Текстот да биде предвиден, осмислен и адаптиран за видео-запис со траење од 30 до 40 минути.

2. Услови за учество на Конкурсот:

– Право на учество на Конкурсот имаат сите државјани на Република Македонија;

– Текстовите треба да се напишани на македонски јазик;

– На овој конкурс може да аплицираат автори со текстови кои не се претходно објавени или издадени во каква било форма и/или медиум;

– Секој автор може да пријави само еден текст;

– Текстовите ќе ги оценува Комисија од стручни и компетентни лица, именувана од страна на Директорот на Н.У. Кинотека на Македонија;

– На авторот на избраниот текст му припаѓа авторски надоместок од реализацијата на аудио-визуелниот документарен запис – за ексклузивното пренесување на авторските материјални права за прикажување и дистрибуција;

– Пријавените текстови треба да се достават во затворен плик, во три примероци, со назнака: Текст за изработка на видео-омаж (аудио-визуелен документарен запис) и со шифра од најмногу 5 знаци – букви или броеви. Во пликот, освен текстот, треба да се приложи и посебен затворен плик, означен со истата шифра, во кој ќе бидат содржани податоците за авторот (име, презиме, адреса и контакт-телефон);

– Текстовите треба да се достават до Н.У. Кинотека на Македонија по пошта, на адреса: ул. „Никола Русински“ бр.1, 1000 Скопје, или да се предадат директно во Н.У. Кинотека на Македонија – најдоцна до 15 часот на последниот ден од Конкурсот.

Дополнителни информации на тел. 02 / 3071814, 3065968. …

– Конкурсот трае 35 дена од денот на објавувањето на истиот (заклучно со 22.06.2015 година)

– Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 15 дена по завршувањето на Конкурсот

– Неизбраните текстови ќе им бидат вратени на авторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top