Динамичниот развој на индустријата, особено делот што во преработката употребува природни суровини, го загрозува развојот на земјоделсвото во десетте држави од Југоисточна Азија, членки на АСЕАН. Податоците денеска ги сопшти реионалната канцеларија на ОКСФАМ, конфедерација на 17 меѓународни организации која има канцеларии во 94 држави, а главна цел ѝ е борба против сиромаштијата. Основна причина за намалувањето на приносите од земјоделското производство, според анализата на ОКСФАМ, се драстичните климатски промени во регионот, предизвикани од уништувањето огромни површини од прашумите во регионот. Неконтролираното сечење во прашумите, започнато во седумдесетите години на минатиот век, кое сѐ уште не е запрено, предизвикува во регионот познат по обилни дождови да има сѐ почеста појава на долготрајни суши. Проблемот е особено актуелен во Лаос, Тајланд, Мјанмар и во Виетнам, каде што опаѓањето на производството во земјоделството влијаело на пад на економските резултати и до три отсто годишно.Во АСЕАН се Филипините, Малезија, Брунеј, Сингапур, Индонезија, Тајланд, Лаос, Мјанмар, Виетнам и Камбоџа. Во регионот до 2005 година земјоделството учествуваше се над половина од приходите од БДП, а годинава ќе биде под една третина. АСЕАН, со околу 600 милиони жители, во последните години како групација остварува економски развој, во просек, од шест до нула отсто годишно, благодарејќи на големите инвестиции во индустријата.Од почетокот на идната година АСЕАН ќе профункционира како економска заедница, со правила кои ќе бидат речиси идентични на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Mалиот херој Ноа: Роден е само со 2% мозок, но за 4 години го докажал невозможното
-
Објавен повик за користење средства од ИПА програмата за рурален развој