| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 20 илјади лица евакуирани во Келн поради бомба од Втората светска војна

град

Околу 20 илјади жители во западногерманскиот град Келн добија наредба да се евакуираат, откако властите открија бомба од Втората светска војна, тешка 200 килограми.

Училиштата и детските градинки во регионот се затворени, а десетици возила на брзата помош итно ги евакуираат жителите на домот за стари лица.

Бомбата беше откриена покрај мостот „Мулхајм“, над реката Рајна. Планирано е бомбата да биде деактивирана денеска попладне.

Локалните власти предупредија дека додека трае операцијата ќе биде запрен сообраќајот преку реката, како и воздушниот сообраќај над областа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top