Кинеската полиција уапсила 175 лица осомничени за грабеж на гробници од кои, како што се проценува, се однесени поеќе од стотина предмети што имаат историско и културно значење, повредни од 50 милиони долари, јавуваат медиумите во Кина.
Повикувајќи се на Министерството за јавна безбедност, агенцијата „Синхуа“ наведува дека уапсените се обвинуваат за илегални ископини во северноисточната провинција Лиаонинг.
Полицијата заплени вкупно 1.168 предмети во вредност од 500 милиони јуани, односно 80,6 милиони долари. Станува збор за најголемата операција во Кина од 1949 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.