Бројот на починати поради големите жештини во Индија ја надмина бројката од 1.000 лица, пишува „Би-Би-Си“. Температурата во некои предели е преку 50 Целзиусови степени.
Како што се наведува, температурата ќе се намали во следните неколку дена.
– Владата поведе едукациски програми на телевизија и на другите медиуми за да ги научат луѓето да не излегуваат без заштита од сонцето, да пијат вода – вели Тулси Рани, официјално лице задолжено за природни катастрофи.
Индија побара од невладините организции за отворат кампови за вода, за таа да биде подостапна на сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.