Темите кои ќе бидат опфатени на настанот се од областите на хигиенско инженерство и дизајн и квалитет и безбедност на храна. Учесници ќе бидат научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и други лица кои работат во областите на производство и преработка на храна, исхрана и хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија во светот.
Настанот е организиран од Консалтинг и тренинг центарот КЛУЧ, седиште на Македонската регионална секција на Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (ЕХЕДГ) во соработка со Иницијативата за глобална хармонзација, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија.
Обраќања на Фестивалот ќе имаат претседателот на ЕХЕДГ, Лудвиг Јозефсберг, претседателот на Советот на инспектори Ванчо Каргов и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



