| четврток, 6 декември 2018 |

Во Египет осум џихадисти осудени на смрт со бесење

цихад

Египетскиот суд вчера изрече смртни казни за осуммина џихадисти откако ги прогласи за виновни за насилство против силите за безбедност и припадност кон групи кои поттикнуваат тероризам, соопшти судски претставник.

– Кривичниот суд во Загазиг осуди осуммина џихадисти на смрт со бесење откако ги прогласи за виновни за припадност кон сунитската екстремистичка група Такфира – рече тој.

Осудените се обвинуваат и за поттикнување тероризам и насилство, како и за планирање убиства на припадници на војската и на полицијата.

На петмина од осумтемина осудени им е судено во отсуство.

Египетските сили за безбедност чест беа цел на напади, особено на Синај, по соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top