За човек да биде прифатен меѓу образованите луѓе, мора да биде културен, му порачува во едно писмо до неговиот помлад брат рускиот писател Антон Павлович Чехов. Во него составува список на услови кои ги исполнуваат културни луѓе.
1. Тие ја почитуваат човековата личност и затоа се секогаш љубезни, внимателни, учтиви и подготвени да угодат.
2. Сочувствуваат со сите, а не само со питачите и со мачките. Тие се грижат и за она што не го гледаат и се подготвени да се жртвуваат за да им помогнат на другите.
3. Ја почитуваат сопственоста на другите луѓе и затоа секогаш ги враќаат свотие долговите.
4. Искрени се и ја презираат лагата. Не лажат, дури ни кога ситници се во прашање. Лагата го навредува слушателот и го понижува во очите на говорникот. Не позираат, се однесуваат на исто и на улица и дома, не се прават важни пред нивните поскромни пријатели. Не зборуваат бесмислици и не ги оптоваруваат другите со своите неиспровоцирани признанија. Од почит кон ушите на другите повеќе молчат отколку што зборуваат.
5. Не се понижуваат себеси за да добијат сожалување и не играат на картата на туѓата чувствителност само за да привлечат внимание. Тие не велат „Никој не ме разбира” или “Никој не се грижи за мене”, затоа што тоа се евтини и вулгарни трикови.
6. Не страдаат од плитка суета. Не сакаат лажни вредности, не целат кон пријателствата со познати личности или кон тоа и самите да бидат познати. Ако направиле нешто важно, не прават од тоа најважно нешто во светот и не се фалат со тоа дека имаат пристап на места каде другите немаат. Вистински талентираните луѓе секогаш бегаат од одмазда и од фалење.
7. Ако имаат некоја дарба, ја почитуваат. За тој талент жртвуваат и одмор и романтика и забава и суета. Тие се горди на својата дарва, но и многу и се посветени.
8. Имаат развиено чувство за убавина, естетика. Не одат на спиење во облека, ја одржуват чистотата на животниот простор. Се грижат да ги контролираат своите нагони и во спротивниот пол да не гледаат само сексуален објект. Се стремат кон оригиналност, елеганција, хуманост, им се восхитуват на мајчинските чувства. Не се опиваа, туку пијат алкохол само во специјални прилики, бидејќи сметаат дека не се свињи. Тие се држат до принципот „mens sana in corpore sano“ – во здраво тело, здрав дух.
Така изгледаат културните луѓе. За човек да биде културен не е доволно да чита популарни романи и да посетува театар. Тој мора постојано, деноноќно да работи на себе, да чита, да учи, да се труди и веднаш да ја отфрли суетата, бидејќи секој изгубен час се рачуна, го завршува своето писмо Чехов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.