| четврток, 6 декември 2018 |

Предизвик за топ тело – само една вежба, 27 дена, 10 минути дневно

vezbanje-foto-shutterstock-1431979363-662953

Не ви се потребни справи, ниту комбинирани вежби со кои ќе се истоштувате. Доволно е да ја одберете вистинската вежба која ќе ви го активира и затегне целото тело.

Не е потребно ниту цели часови да поминувате во теретана, туку доволни се само 10 минути во денот за да добиете тело кое одамна го сонувате.

Тајната е во едноставна вежба која на сите им е позната, а тоа се чучнувањата. Со нив се затегнуваат задникот, бутовите, листовите, бедрата и стомачните мускули.

Ако сакате целото тело да го затегнете за помалку од еден месец, прифатете го предизвикот да одвоите 10-15 минути и да правите само чучнувања со постепено зголемување на бројот на повторувања.

vezbanje-foto-shutterstock-1431977293-662951

Почнете со 10, а секој следен ден правете 5 повеќе од претходниот. Секој 6-ти ден одморајте, не правете ништо, а седмиот ден само продолжете каде што сте застанале 5-от ден. Ако се движите според правилните пресметки би требало да направите 30 чучнувања петтиот и седмиот ден, па да продолжите со зголемување за плус 5.

Постапката повторувајте ја и во следните две недели со истото зголемување на бројот на чучнувања, така што последниот 27-ми ден ќе треба да направите 100 чучнувања.

Важно е и вежбата да ја изведувате правилно, за да не се повредите и да имате подобри резултати.

Застанете во расчекор, гледајте право и исправете го грбот. Рацете испружете ги на ниво на рамената, стапалата раширете ги исто така во ширина на рамената и чучнете.

Водете сметка за да се спуштате и подигнувате користејќи го задникот и стомачните мускули, а не колената, бидејќи може да дојде до сериозни повреди. При чучнувањата колената треба да бидат „исфрлени“ преку стапалата.

Извор: stil.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top