Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, заменик – министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорот на „СИТИ Колеџот“ во Солун Јанис Верверидис, денеска потпишаа нов Протоколот за соработка кој предвидува доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација при „СИТИ Колеџот“- Меѓународен факултет во состав на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, лоциран во Солун, Република Грција.
Стипендиите, како што соопшти МОН, се однесуваат за академската 2015/2016 година за насоките: маркетинг, општ менаџмент, финансии, логистичка поддршка или менаџмент во здравството.
Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за упис. Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува Владата на Република Македонија, а останатата половина „СИТИ Колеџот“. Додека, патните трошоци, сместувањето и другите животни трошоци се на товар на кандидатот.
Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање можат да се најдат во конкурсот кој е објавен на специјализираниот портал за доделување стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk.
Крајниот рок за поднесување на апликациите до Министерството за образование и наука е 26 јуни 2015 година.
За изборот на кандидати задолжена е комисија составена од по еден претставник од потписниците на Протоколот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ – Претседателот на Република Македонија, МОН, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и „СИТИ Колеџот“ од Солун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија