Илјадници домови се уништени, а штетата сé уште се проценува откако силно торнадо помина низ Мексико. Најмногу штети се предизвикани на границата со САД.
Автомобили летале како пердуви, покривите на куќите биле откорнати, како и стебла од дрвја, а најмалку 13 луѓе го загубија животот од последиците на разорното торнадо кое мина низ Мексико.
Најсилното торнадо е забележано на границата со САД; кај градот Сиудад Акун, во кој ветрот кревал автомобили и ги фрлал врз куќите, пишува Би-Би-Си. Оштетени се околу 1.000 куќи во областа Коахила а гувернерот потврдил дека во несреќата загинале 10 лица од кои три деца, а едно бебе се води како исчезнато.
Изненадниот налет на силен ветер на една мајка и го однел бебето од раце, изјавил шефот на полицијата на оваа мексичка покраина Виктор Замора за АП.
Предизвикана е голема штета, уништени се куќи и јавни објекти. Координаторот за национална цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте, вели дека најмалку илјада куќи се уништени.
– Торнадото се движеше со брзина од неверојатни 270 и 300 километри на час, а траеше само шест секунди“, вели Пуенте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





