| четврток, 6 декември 2018 |

Во Јемен 16 милиони луѓе немаат вода за пиење

Две третини од населенито во Јемен нема пристап до вода за пиење, два месеци откако почнаа воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, соопшти хуманитарната организација „Оксфам“.

Water shortage in Yemen

– Воздушните напади, судирите и недостигот на гориво оставија уште три милиони луѓе во Јемен без вода за пиење, па вкупно 16 милиони луѓе во земјата се во таква ситуација, се посочува во соопштението на „Оксфам“.

Коалицијата раководена од Саудиска Арабија на 26 март покрена воздушни напади врз Јемен со цел да, ги порази бунтовниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top