| четврток, 6 декември 2018 |

Зоолошката од Измир ќе ѝ подари 25 животни на битолската зоолошка

Најголемата Зоолошка градина во турскиот град Измир ќе подари 25 разновидни животни на битолската Зоолошка градина. Животните во наредниот период ќе бидат сместени во нови живеалишта.

Иницијативата за донацијата била на македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски.

– Станува збор за повеќе видови животни, газели, камила, птици и други животни кои најголем дел ќе бидат сместени во Зоолошката градина во Битола, но дел ќе бидат доделени и во Скопје, во зависност од условите за сместување на животните – изјави директорот на Зоолошката градина во Битола, Коста Нешковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top