| четврток, 6 декември 2018 |

Каква дрога користат џихадистите за издржливост?

Дрогата со име „каптагонт“ која масовно ја користат џихадистите од “Исламска држава” , за да се здобијат со издржливост, за да не чувствуваат страв, е развиена во лабораторија на НАТО во Бугарија, пишува изданието Tunisie numerique, пренесува бугарски Фокус.

– Каптагонт е синтетичка дрога, којае создаден во лабораторија на НАТО во Бугарија. Повеќе сомнителни луѓе веројатно ќе видат во ова уште еден доказ за учеството на некои велесили и на земји од НАТО во зародиш и експанзијата на феноменот “Исламска држава” – пишува весникот.

Тунискиот медиум објаснува дека во производството каптагонтот се прави во форма на мали бели апчиња што исламистите ја користат за да учествуваат во војната во Сирија. Порталот додава дека пред сирискиот конфликт апчињата биле користени и во други конфликтни зони, и потсетува дека поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи ги обвини исламистите во Либија дека земаат халуциногени супстанции.

Освен дека се сузбивастравот и потиснува чувството за болка, каптагонт има и халуциногени ефекти, објаснува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top