| четврток, 6 декември 2018 |

Извршена проверка на два авиона на аеродромот во Њујорк

ер

Авион на „Ер Франс“ од Париз за Њујорк вчера беше придружуван од американски воени авиони се до слетување на аеродромот Џон Ф. Кенеди по анонимна закана.

Авионот на летот 22 кој полета од Меѓународниот аеродром Шарл де Гол во Париз придружуван е до безбедната област на аеродромот во Њујорк поради претрес. Неименуван висок американски претставник изјави дека полицијата во американската држава Мериленд примила анонимен повик дека во авионот се наоѓа хемиско оружје.

Францускиот авион безбедно слета и не е пронајдено оружје.

Авион на „Сауди Арабијан Ерлајнс“ помина низ иста проверка поради закана.

ФБИ соопшти дека најверојатно исто лице упатило закана и дека двата авиона поминале проверка поради претазливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top