Белгија, Велика Британија и Франција постигнаа синоќа спогодба за создавање работна група, која ќе го подготви воведувањето заеднички проверки на патниците на меѓународните возови меѓу трите држави, јавуваат белгиски медиуми и додаваат дека работата на групата ќе заврши до март.
Првенствено идентитетот на патниците со возовите, кои го поврзуваат Брисел со Лондон и Амстердам ќе биде проверуван во заедничката база на податоци. Европската унија веќе го воведе системот за складирање и обработка на податоци за патниците во авионите. Новата одлука на белгиските, француските и британските власти е своевидно проширување на тој систем. Целта на проверките на патниците во возовите е мерка во борбата против тероризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.