| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова и Мареј сигурни на стартот

sarapova-slavlje

Актуелната шампионка од Францускиот опен, Марија Шарпова стигна до второто коло на Ролан Гарос. Шарапова ја совлада искусната Естонка Каја Канепи со 6:2/6:4 . Со тоа обезбеди пресметка со својата колешка од рускиот Дејвис куп, Виталија Дјаченко.

Taa беше исвиркана од фановите поради тоа што  не сакаше да даде ТВ интервју покрај теренот. Се правдаше дека нејзиниот глас не е доволно силен, дека има настинка и не сака реприза од лани кога исто така беше болна пред турнирот во Париз.

– Сфаќам дека сите одговараат пред публиката. Нормално е да ме свиркаат. Не сакам изговори, но морав да го направам тоа – вели Шарапова, која сега има 5-0 скор против Канепи.

Во меѓувреме, поранешната финалистка од Вимблдон, Полјачката Агњешка Радвањска шокантно загуби во првото коло. 14. носителка, која во 2013 играше во четвртфиналето во Париз загуби со 6:2/3:6/6:1 од Германката Аника Бек, истата тенисерка која ја „прегази“ со 6:0/6:0 на Индијан Велс минатата година. Ова е само третпат во 34 гренд слем турнири, 26-годишната Радвањска да загуби во првото коло – Можеби стареам – изјави низ солзи Полјачката.

Енди Мареј со 6:3/6:3/6:1 за само 1 час и 44 минути беше подобар од анонимниот Аргентинец, Факундо Агруелјо за 11 победи во низа на земјена подлога. Томаш Бердих со 6:0/7:5/6:3 го победи јапонскиот квалификант Јошихито Нишиока . Тој ќе има интригантен дуел со чешкиот сонародник Радек Штепанек. Самиот Штепанек стана најстариот тенисер со победа на Ролан Гарос од Џими Конорс на 38 години во 1991, откако со 5:7/6:3/6:4/6:1 го победи Хрватот Иво Додиг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top