Денеска во Софија Бугарија, Грција и Турција потпишаа договор за формирање центар за размена на информации во реално време. Целта на овој договор е да се спротивстават на илегалната имиграција и криумчарење.
– Овој центар за полициска и царинска соработка ќе функционира на бугарско-турскиот граничен премин Капитан-Андреево, во чија близина се спојуваат границите на трите земји, изјави бугарската министерка за внатрешни работи Румјана Бачварова.
Турскиот министер за внатрешни работи Себахатин Остурк истакна дека полициските и царинските органи ќе разменат информации во реално време со цел на соодветен начин да реагираат на илегалната имиграција и криумчарење.
Договорот треба да биде одобрен од парламентите на трите држави.
– Турција прифати два милиона имигранти, меѓу кои 1,7 милиони од Сирија, нагласи Остурк, изразувајќи жалење бидејќи „ЕУ одвоила само 300 милиони долари за трошоци за сместување на бегалците“.
Бугарија изгради 30-километарски ѕид и распореди полициски сили за да го ограничи влезот на илегалните имигранти кои доаѓаат од Турција по копнен пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“



