| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски јазик, песни и ора среде Солун (ВИДЕО)

Видеото поставено на „Јутјуб“ прикажува настан на македонската културно – играорна група од селото Марина во Негушката област во Северна Грција која пред два дена настапи во Солун.

solun

 

Младите македонски играорци од Егејска Македонија настапија со македонски ора и песни на македонски јазик на настан со кој беше одбележана повеќејазичноста во Грција.

Учеството на младите македонски играорци од Егејска Македонија во Солун е редок настан каде што јавно се изведуваат песни и ора на македонски јазик. Досега македонска песна и ора се изведуваа само на народните црковни собири во селата во македонските села во Егејска Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top