| четврток, 6 декември 2018 |

Нова трагедија во Аргентина, почина фудбалер на терен (видео)

kristijan gomez

На мечот Атлетико Парана и Бока Унидос од аргентискиот шампионат се случи нова трагедија. На теренот почина 27-годишниот фудбалер Кристијан Гомез. Тој колабираше за време на мечот и иако веднаш интервенирала медицинската екипа и веднаш е бил префрлен во болница, лекарарите не успеале да го вратат во живот и констатирале смрт. Официјално Кристијан Гомез починал од срцев удар.

ambulanta

Ова е втор трагичен случај во Аргентина во период од само две седмици. Претходно, почина фудбалерот на Сан Мартин, Еман Ортега, кој удри со главата во ѕид и тоа беше кобно по неговиот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top