| четврток, 6 декември 2018 |

Струмичанка преку интернет изиграла гастарбајтер за 1.650 евра

Internet-Credit-Card

Постара струмичанка усепала преку интерент да убеди гастарбајтер од Белгија да ѝ даде пари за да оди во Брисел, а откако ги добила парите, рекла дека ѝ требаат уште, и на крајот не заминала за Белгија

СВР Струмица поднесе кривична пријава за Л.И.(58) од Струмица за кривично дело измама.

Во декември 2012 година, во Струмица пријавената преку интернет стапила во контакт со Љ.Т., и лажно преставувајќи му се го довела во заблуда дека ќе отпатува во Белгија, каде што тој привремено престојува, барајќи од него да ги надомести патните трошоци, што тој ѝ го сторил, односно преку „Вестерн унион“ ѝ дал 650 евра како надомест за картата. По ова, повторно го довела во заблуда Љ.Т. дека била сопрена на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје поради немање доволно парични средства како гаранција за нејзиното патување, за што од неговата сметка подигнала уште 1.000 евра, а потоа барајќи разни изговори го прекинала контактот со Љ.Т. и не заминала за Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top