Рожер Федерер, со помалку од два часа игра, го победи Колумбиецот Фаља со 6:3, 6:3 и 6:4 и обезбеди пласман во второто коло на овој престижен турнир.
Убедлива победа во првото коло на Отвореното првенство во Франција оствари и неговиот сонародник Вавринка, кој со 3:0 во сетови го совлада Турчинот Илхан (6:3, 6:2 и 6:3).
Фаворит за освојување на „Ролан Гарос“ е првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ.
Инаку едно момче успеа да мине покрај обезбедувањето и влета на теренот за да сними фотографија со Федерер, кој потоа го критикуваше обезбедувањето.
Федерер секако не мислеше дека има нешто против тоа да се слика со негов обожавател, туку посочи на фактот дека е вознемирувачки што некој може да мине крај обезбедувањето и да влета на теренот.
„Вакво нешто не смее да се случи на теренот на Филип Шатрие“ – изјави Роџер и додаде:
„Очигледно не сум среќен поради ова“.
Момчето кое влета на теренот сакаше да сними фотографија со Роџер во моментот кога тој се подготвуваше да го напушти теренот по победата.
Федерер потоа изјави дека тенисерите треба да се чувствуваат безбедно кога настапуваат и го критикуваше обезбедувањето затоа што бавно реагира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.