| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Дипан“ на Французинот Жак Одријар ја освои „Златната палма“

Филмот „Дипан“ на Французинот Жак Одијар ја освои „Златната палма“ на 68. Филмски фестивал во Кан кој заврши вечерва.

11377096_922867144400889_3155434150383617110_n

Филмот е дискретна студија за бегалци Тамилски тигри кои се обидуваат да изградат нов живот во Франција.

Гран при освои унгарскиот автор Ласло Немес за „Синот на Сол“.

10371443_922866311067639_1106365575259445107_n

За најдобар режисер е награден тајванскиот автор Ху Хсиао-хсиен за „Атентатор“.

Наградата на жирито ја освои грчкиот автор Јоргос Лантимос за „Јастог“.

Наградата за најдобра актерка ја поделија Руни Мара за „Керол“ и Емануел Берко за „Мојот крал“.

11146616_922866807734256_7973406216850398232_n

Најдобар актер е Винсент Линдон за „Мерка на човекот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top