– Престојот го завршуваме со молебен на гробот на Св. Кирил каде заедно со црковната делегација присуствуваме и одадовме почит на Свети Кирил и Методиј за нивното дело од кои што генерации и генерации на Македонци, и не само Македонци и други граѓани на многу држави кои што го примиле нивното учење, имаат полза и напредок – изјави Никола Груевски, премиерот на Република Македонија кој денеска со висока владина делегација беше во посета на Рим.
Архиерејот на МПЦ ОА г.г Стефан по молебенот во својот говор нагласи дека поради нивното дело светите браќа Кирил и Методиј се почитувани и од христијани и луѓе кои не се од христијанска вероисповед, и од македонскиот и од словенските и од други народи, и од верници и од неверници, затоа што нашиот и многу други народи ја разбраа вистината преку разбирливиот јазик, писмо и проповед.
– Нивниот единствен мотив бил да ја следат Христовата порака упатена кон неговото вознесение. Одете и научете ги сите народот кршетавјќи ги во името на отецот, синот и светиот дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал, е пораката по која се движеа светите браќа Кирил и Методиј – истакна г.г Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)