Познатата манекенка Маја Сашек се омажи за поранешниот скијач, денес познат фотограф Дејан Пановски. Сашек денеска склучи граѓански брак со Пановски со кого долго време беше во врска.
Свадбената веселба за најблиските пријатели и роднини е следниот викенд, во Грција.
Во четвртокот вечер Маја Сашек ја прослави моминската вечер со пријатели на малку поинаков начин – на двокатен отворен автобус со тура низ Скопје одлично се забавуваа Маја и пријателите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.