| четврток, 6 декември 2018 |

Маја Сашек три месеци на дијазепами!

Маја Сашек, која неодамна стана мајка, реши да се пофали со тоа колку ужива во друштвото на својата ќеркичка Деа која наскоро ќе наполни три месеци. Манекенката за да покаже колку е среќна објави и фотографија на која позира со својата миленичка, а под која напишала:

Љубов + среќа + дијазепамче + сонце + мед = Деа!#, а истата за само неколку часа собрала над илјада лајкови и коментари.

371019-ljubov-srekja-dijazepamche-dea

Инаку, ова е прво дете за Маја и сопругот Дејан Пановски, со кого стапи во брак минатата година во мај по долгогодишна врска.

maja-sasek-i-djan-520x520

Свадбената веселба ја направија на плажа, во соседна Грција, а на истата присуствуваа само најблиските пријатели и роднини.

Маја пред да се омажи интензивно работеше надвор од нашата земја, а во 2008 година ја претставуваше Македонија и на “Мис модел на светот“, кој се одржа во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top