| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларно испаќање во Дортмунд за човекот што ја оживеа Борусија (видео)

klop

Јирген Клоп си заминува од Дортмунд, а навивачите му приредија незборавно простување од Борусија, клуб што на некој начин го оживеа и го врати на победничките патеки. Харизматичниот тренер ја заврши седумгодишната мисија на „Вестфален“, а популарниот „жолт ѕид“ што го прават најверните симпатизери на навивачкиот коп со прекрасна кореографија му посакаа успех и повторно враќање во Дортмунд.

Борусија во последното коло го победи Вердер со 3-2, а Клоп ќе има шанса со трифеј да си замине од Дортмунд. Борусија ќе игра финале во германскиот куп против Волфсбург во Берлин. Клоп за време на 7-годишниот престој во клубот освои две шампионски титули во Бундеслигата и играше едно финале во Лигата на шампионите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top