Министерството за образование вчера ги објави идејните решенија за тоа како ќе изгледаат новите згради на ФИНКИ и ФФК. Паралелно со тоа МОН распиша тендер за да се избере изведувачот на градежните работи за изградба на новите згради како и за партерно уредување на платото на УКИМ.
Двете нови згради за Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и за Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) ќе бидат изградени во барок.
Автор на идејните решенија е Жарко Чаушевски, кој е автор на најголем дел од зградите во проектот „Скопје 2014“, а двата нови барокни факултети ќе бидат сместени во зеленилото на кампусот факултети при УКИМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.