| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска го напушти кампот на СДСМ и со сопругот ја напуштија Македонија (фото)

Според ексклузивни информации на „Вечер“, Радмила Шекеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштиле Македонија. Од аеродромот „Александар Велики“, утрово во 5.50 часот, заминале за Загреб.

рада

На фотографијата тие се забележани како се чекираат пред полетување.

-Дали нивната крајна дестинација е Загреб, засега немаме информации, или пак можеби Хрватска им е само транзит кон друга дестинација. Според податоците од веб страната на аеродромот Александар до попладнево полетаа авионите за Виена, Париз, Стокхолм, Загреб, Белград, Истанбул и Цирих. Радмила Шекеринска и Бобо Дајнерс се фотографирани на летот на Кроациа за Загреб . Од СДСМ неможеа ниту да потврдат ниту да демантираат дека Радмила Шеќеринска е надвор од Македонија. Немаме коментар, беше кусиот одговор од партијата. Дел од членството на СДСМ сеуште кампува на улица Илинденска во обид да изнуди оставка на владата на Никола Груевски – пишува „Вечер“.

рада2

Радмила Шекеринска, заедно со Зоран Заев се предводници  на серијата насилни протести кои ги финансира СОРОС и Форум Групацијата кои започнаа пред десетина дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top